Кливленд комплетно се врати во игра во финалето од плеофот на истокот откако синоќа по втор пат го совлада Детроит пред своите навивачи 91:87 и ја израмни серијата на 2:2.


Леброн Џејмс го реши Детроит

Леброн Џејмс (25 п.) постигна 13 поени во последната, одлучувачка четвртина, која Кливленд ја доби со 26:20, а рукито Даниел Гибсон уфрли 21 поен, најмногу во кариерата.

Петтиот натпревар се игра утревечер во Детроит.

На западот Сан Антонио има водство од 3:1 над Јута и уште вечерва прд своите навивачи може да го осигура настапот во големото финале.

Г.М.