ЈУТА ВО ФИНАЛЕТО НА ЗАПАД,ЧИКАГО НЕ СЕ ПРЕДАВА

Без оглед на тоа што првите три средби против Чикаго, лидерот на истокот Детроит ги доби со неочекувана леснотија, сепак младиот тим на “Биковите“ нема намера да потпише капитулација.

Чикаго возврати со две убедливи победи, синоќа во Детроит 92-108.

Пред шестиот натпревар кој ќе се одигра во четврток во Чикаго, Детроит води со 3-2.

Клуч за победата на Чикаго одново беше третата четвртина, “Биковите“ ја добија со 33-20.

Бен Гордон со 28 поени беше лидерот во тимот на Чикаго.

Чонси Билапс со 17 поени беше најпрецизен во домашниот тим.

На западот, Јута е првиот финалист откако во петата средба го совлада Голден Стејт 100-87.

Во државата на мормоните, последен пат на ваков успех се радуваа во ерата на легендарните Мелоун и Стоктон.

Кириленко и Бузер постигнаа по 21, а Фишер(тројки 4/5) поен помалку за победата на Јута.

Барон Дејвис 21 поен и 8 асистенции одново ги предводеше “Воините“.

Причина за поразот тимот од Оукленд ќе ја бара во неверојатните 25 загубени топки.

СУСПЕНЗИИ ЗА ФЕНИКС И САН АНТОНИО

Инцидентот во финишот на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на западот, помеѓу Сан Антонио и Феникс доби многу заначен епилог.

Неспортскиот фаул на Робер Ори врз Стив Неш, може да се покаже како клучен во серијата. Во обид да го заштитат соиграчот во теренот влегоа Амаре Стадемаер и Борис Диао, нив комесарот за казни Сту Џексон ги суспендира на една средба.

Дека Тим Данкан е вистинска НБА ѕвезда, покажа одлуката на веќе споменатиот комесар, кој не сакаше да види дека и тој во време на инцидентот од клупата влета на теренот.

Вакавата одлука директно го фаворизира Сан Антонио во пресрет на вечерашната петта средба од серијата, домаќин е Феникс. 

Н. Цветанов