Кошаркарите на Јута во драматичен натпревар,во екстра времето,го совладаа Голден Стејт 127-117,во вториот натпревар од полуфиналето во западната конференција.“Џезерите“ поведоа со 2-0,а следниот натпревар се игра во Оукленд.
Карлос Бузер ја предводеше Јута со 30 поени и 13 скокови,Мехмет Окур уфрли 23,Андреј Кириленко 20 поени.
Вообичаено Барон Дејвис беше прво име кај Голден Стејт,постигна 36 коша.
Вистински херој на Јута беше Дерек Фишер,тој натпреварот го почна од второто полувреме,бидејќи првиот дел го попушти поради болеста на неговата 10 месечна ќерка Тејтум.
И на оваа средба играчите на Голден Стејт беа многу блиску до победата,во еден момент водеа со 12 поени,но во финишот благодарение на лошата реализација на слободните фрлања и дадоа можност на Јута да се избори за продоженија.
Следниот натпревар,трет во серијата се игра во Оукленд во Калифорнија,ноќта меѓу петок и сабота.
НБА разигрувањето продолжува во петок со третиот натпревар од полувиналето на истокот Чикаго-Детроит.
Во серијата “Пистонси“ водат со 2-0.
Ненад Цветанов