Екипата на Детроит Пистонс е првиот финалист во источната конференција откако ноќеска на гости го совлада Чикаго со 95:87 за вкупна победа во серијата од 4:2.

До победата гостите стигнаа во второтр полувреме кое го добија со +15 поени разлика. Најефикасен на натпреварот беше бекот на Детроит Ричард Хамилтон кој уфрли 23 поени.

Детроит во финалето ќе се сретне со подобриот од серијата помеѓу Кливленд и Њу Џерси,во која коњаниците водат со 3:2.

Г.М.