Тајшон Принс со рекордни 25 поени и 7 скока во плеј офф-от беше предводник на нова убедлива победа на “Пистонс“ над Чикаго. Клиповите славеа со 108:87 и повбедоа во полуфиналната серија на истокот со 2:0.

Серијата сега се сели во Чикаго.

На западот Јута со победа ја отвори серијата против најпријатното изненадување  во плеј офф-от, Голден Стејт кој во првото коло го елиминираше најдобриот тим од регуларната сезона. Џез славеа со 116:112 и поведоа во серијата подобар од 7 со 1:0.

Г.М.