Детроит е првиот полуфиналист во источната конференција, откако со чисти 4:0 клиповите ги збришаа магичните од Флорида. Пистонс го добија и вториот натпревар на гости (97:93) и полесно од очекувањата го елиминираа немоќниот Орландо.

Кливленд предводен од суперѕвездата Леброн Џејмс(30 поени) ја извојува третата последователна плеј-офф победа над Вашингтон. Кавалирс ноќеска славеа со 98:92 и се на само една победа до пласман во источното полуфинале.

На западот, Сан Антонио направија комоплетен пресврт во дуелот со незгодниот Денвем кој прв ја отвори серијата, но со двете последователни победи, првата дома, втората рано утрово на гости 96:91, спарси поведоа во серијата прв до четири со 2:1.

Комплетна неизвесност има во дуелот помеѓу Јута и Хјустон, откако по ноќешната победа на Џезерите во Солт Лејк Сити (98:95), серијата е изедначена на 2:2.

Вечерва играат:

Мајами-Чикаго (0:3)
Л.А.Лејкерс-Феникс (1:2)
Њу Џерси-Торонто(2:1)
Голден Стејт-Далас (2:1)

Г. Момироски