По одиграните 82 средби од регуларниот дел од сезоната, ноќеска во НБА лигата започнува борбата за шампионскиот прстен. Што се може да се очекува во првото коло?
исток:
1.ДЕТРОИТ – 8.ОРЛАНДО
Доаѓањето на Крис Вебер се покажа како вистински потег за Детроит, бидејќи во целост го надополнија заминувањето на Бен Валас. За многумина Детроит ја има најмоќната стартна петорка во лигата, но она што му дава дополнителна сила оваа сезона е сосема солидниот избор на клупата. Од друга страна Орландо треба да биде задоволен што се најде во разигрувањето. Детроит е едноставно пресилен за Магичните од Флорида.
2.КЛИВЛЕНД – 7.ВАШИНГТОН
На прв поглед двојката ветува атрактивен дуел, но само на прв поглед. Вашингтон е во огромни проблеми со огед на тоа што првата ѕвезда на тимот Гилберт Аринас го пропушта разигрувањето, а под голем прашалник е настапот Кирон Батлер. Кливленд сезонава забележа 50 победи, многумина очекуваа и повеќе, но се чини дека разигрувањето е вистински момент Леброн Џејмс и соиграчите да го покажат квалитетот.
3.ТОРОНТО – 6.ЊУ ЏЕРСИ
НБА стручњаците прогнозираат дека ова е двојката во која подобро рангираната екипа (Торонто) може да биде елиминирана.Торонто одлично ја одигра сезоната и се промовираа во тим со светла иднина. Прва ѕвезда е Крис Бош. Од спротивната страна Нетси фантастично го одиграа финишот од сезоната.Брилјантни беа Кид и Картер,а Џеферсон се врати во тимот по долгата пауза.Во Канада навивачите на Торонто му подготвуваат “жежок“дочек на Винс Картер.
5.ЧИКАГО – 4.МАЈАМИ
Без сомнение најатрактивната двојка од првата рунда во обете конференции. Актуелниот првак Мајами целата сезона имаша проблеми со повредите на клучните кошаркари,за разигрувањето Пет Рајли го има комплетниот тим, но да ли ќе ја најде вистинската форма. Покрај ова Мајами за противник го има тимот кои во последното коло ја испушти втората позиција во костурот. На стратот од сезоната на почетокот на ноември мината година Чикаго го совлада Мајами со 42 коша разлика. Меѓусебниот дуел Чикаго го доби со 3-1 и затоа Биковите ја имаат предноста на домашниот терен. Сепак со оглед на искуството благ фаворит би требало да биде Мајами.
стартува play off-от во NBA
запад:
1.ДАЛАС – 8.ГОЛДЕН СТЕЈТ
Најдобриот тим од регуларниот дел од сезоната Далас за противник ќе ја има екипата на Голден Стејт од која ги загуби трите дуели во првенството. Тренерот на Воините Дон Нелсон одлично го познава Далас со оглед на тоа дека три години ги предводеше“ Мавси“,но евентуалната елиминација на Далас уште во првиот криг би била вистинска сензација.
2.ФЕНИКС – 7.Л.А. ЛЕЈКЕРС
Ова е реприза на минатогодишното прво коло во западната конференција кога Феникс ја достигна предноста на Лејкерси од 3-1 и се пласира во втората рунда. Но Феникс лани во тимот го немаше еден од најдобрите крилни центри во лигата Амари Стадемаер. Згора на тоа во прилог на Феникс оди и катастрофалната форма во која се наоѓа тимот од Л.А.
3.С.АНТОНИО – 6.ДЕНВЕР
Мамузите од Тексас и сезонава се една од најсериозните кандидати за освојување на титулата, во првиот круг на патото им стои тим чија форма е во подем-Денвер Нагетс. Овие две екипи играа во првото коло пред две сезони,тогаш Сан Антонио мина понатаму без многу мака.Покрај тандемот Ентони-Ајверсон клуч кај Денвер би требало да биде играта под кошевите,доколку Маркус Кемби и Нене Иларио одиграат како умеат,Сан Антонио ќе се најде во проблеми,во спротивно “Мамузите“лесно ќе минат во втората фаза.
5.ХЈУСТОН – 4.ЈУТА
Ситуација идентична со онаа на Истокот Чикаго-Мајами,овде поради подобриот меѓусебен скор предноста на домашниот терен ја има Хјустон.Тандемот Јао Минг-Трејси Мек Грејди конечно треба да ги лансира “Ракетите“до второто коло. Јута изненадувачки имаше изворедна сезона,џезерите вкупно го имаа шестиот резултат во лигата.Сепак шансите за пласман понатаму се на страната на Хјустон.
Ненад Цветанов