Chicago Bulls со победа ја отворија play-off серијата против актуелните шампиони Miami Heat. Lyol Deng постигна play-off рекорд од 33 поени во победата на bulls од 96:91 во првиот натпревар што се одигра во “United” центарот во Чикаго.
Шампионите од пред две години Detroit очекувано забележаа победа над Orlando од 100:92 и поведоа во серијата прв до четири со 1:0.
Предноста на домашен терен ја искористи и Houston кој ја совлада Utah со 84:75. Единствената победа на гости ја забележаа Nets-и кои во Канада славеа над Тoronto со 96:91.
Денеска се играат уште четири натпревари од воведното коло во NBA -play-off-от, а се среќават Кливленд- Вашингтон Феникс-Лејкерс, Сан Антонио- Денвер и Далас- Голден Стејт.
Г.Момироски