Сан Антонио ја одзедоа предноста на домашен терен од Феникс,додека Кливленд очекувано го искористи преморот на кошаркарите на Њу Џерси. Ова е епилогот од првите средби во две конферинциски полувиналиња во НБА лигата.
Феникс – Сан Антонио 106:111
Трикратниот НБА шампион Сан Антонио уште во првата средба од западното полуфинале направи брејк. “Мамузите“ забележаа победа во Аризона 111-106,најмногу благодарение на повредата на носот на Стив Неш,поради која бекот на Феникс ги пропушти последните две минути од натпреварот.Неш повредата ја заработи по судирот со Тони Паркер.
Францускиот репрезентативец кој од трибините добиваше гласна подршка од свршеницата Ева Лонгорија беше вистински мотор на тимот,постигна 32 коша на кои придидаде 8 асистенции. Најпрецизен во томот од Тексас беше Тим Данкан ( 33 поени и 16 скока).
Во тимот на Феникс покрај брилијантната партија на Неш 31 поен и 8 асистенции, забележителен настап имаше и Амаре Стадемаер (20 поени и 18 скока). Сан Антониот натпреварот го доби благодарение доминацијата под обрачите,однос во скоковите 49-35.
Вториот натпревар исто така во Феникс се игра во вторник.
Кливленд – Њу Џерци 81:77
Ниту тешката настинка која ја заработи пред дуелот со Њу Џерси не го попречи Леброн Џејмс да биде прво име на натпреварот со “мрежичките“. Згора на тоа Кливленд максимално го искористи заморот во противничкиот табор.
Клучниот момент на средбата се случи на 19 секунди пред крајот кога,кога Винс Картер при резултат 79-77, промаши две слободни,а во продолжение на нападот Џејмс го постави конечниот резултат.
Вундеркиндот на Кливленд, Џејмс, натпреварот го заврши со 21 поен,11 скока и 7 асистенции.
Лери Хјуз постигна 17,а Александар Павловиќ 15 поени.Во рекетот на Кливленд доминираа Зиндурас Илгаускас и Дру Гуден,двајцата имаа по 14 скока. Винс Картер го предводеше Њу Џерси со 21 поен и 13 скока,Ричард Џеферсон уфрли 16 поени. Катасрофална вечер имаше Џејсон Кид,од игра погоди само 2 од 12 удари кон кошот на Кливленд.
Ненад Цветанов