Најдобриот кошаркар во тимот на Голден Стејт, Стеф Кари ја скрши левата шака на средината од третата четвртина во мечот со Феникс Санс.

Кари настрада во деулот со центарот на Феникс. Корпулетниот Бејнс падна директно на раката од Кари после сударот кој го имаа двајцата кошаркари. Кари веднаш го напушти мечот и во соблекувалните беше потврдена скршеницата.

Точна прогназа колку ќе паузира Кари нема се уште а сигурно е дека долго ќе го нема на терените. Покрај Кари на листата повредени играчи се наоѓа и Клеј Томпсон.

OhridNews