Кошаркаркот на Кливленд Џеди Осман кој има охридско потекло и словенскиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе ги предводат светските ѕвезди против американските во дуелот „Ѕвездите во подем“, кој означува почеток на Ол стар викендот во НБА лигата.

Друштво од балканските простори на Осман и Дончиќ ќе им прави Богдан Богдановиќ, а останатите доаѓаат ширум светот. Предводници на американскиот тим ќе бидат Лонзо Бал, Џејсон Татум, Кајл Кузман.

Тренер на американците ќе биде кошаркарот на Бостон Кајри Ирвинг, додека светскиот состав ќе го предводи легендарниот кошаркар на Далас, Дирк Новицки. Дуелот ќе се одигра на 15 февруари.

OhridNews