Собирот на сите звезди во НБА лигата кој ќе се одржи за две седмици во Чикаго ќе биде во чест на Коби Брајант, кој трагично загина на 26 јануари во хеликоптерска несреќа. Со него во хеликоптерот се наоѓаа уште осум лица.

НБА лигата ги одбра резервите и со тоа ги потврди сите учесници на натпреварот кој го заокружува Ол стар викендот. Место помеѓу резервите на западот имаше за Никола Јокиќ, кој втора година по ред ќе биде дел од Ол старот.

„Ол стар“ натпреварот ќе се одржи според новите правила и комплетно ќе биде посветен на Коби Брајант. Во текот на кариерата „црната мамба“ вкупно 18 пати беше дел од „Ол стар“ натпреварот и четири пати ја освојуваше наградата најкорисен кошаркар.

OhridNews