ЛеБрон Џејмс од Кливленд Кавалирс во источната и Коби Брајант од Лос Анџелес Лејкерс во западната конференција добија најмногу гласови за учество на 59тото издание на Ол-Стар натпреварот кој ќе се одигра на 14 февруари во Далас. За прв пат овој натпревар ќе се игра на стадион, и тоа на оној на Далас Каубојс, па се очекува огромна посетеност од околу 100 000 гледачи.
Покрај ЛеБрон,на кого ова ќе му е 6то по ред учество,првата петорка на Истокот ќе ја комплетираат: Двејн Вејд од Мајами Хит, Кевин Гарнет од Бостон Селтикс, Двајт Хауард од Орландо Меџик, и најголемото изненадување Ален Ајверсон од Филаделфија 76ерс,на кого краткото “пензионирање” не му попречи да ги задржи симпатиите на публиката.
На Западот пак, покрај Коби, ќе настапат и: Кармело Ентони од Денвер Нагетс, Тим Данка нод Сан Антонио Спарс, и тандемот од Феникс Санс Амаре Стадемаер и Стив Неш,кој во тесна трка го победи Трејси МекГрејди од Хјустон Рокетс.
На натпреварот во забивање сигурни учесници се двократниот победник Нејт Робинсон од Њу Јорк Никс, Шенон Браун од Лејкерси, Џералд Волис од Шарлот Бобкетс, а за 4тото слободно место во директен дуел ќе одлучат ДеМар ДеРозан од Торонто Репторс и Ерик Гордон од Лос Анџелес Клиперс.
К.Д.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com