Вчеравечер, во Атланта, во скратена форма и без публика се одржа собирот на најдобрите ѕвезди во НБА лигата. Победата ја однесе тимот составен од Леброн Џејмс, кој триумфираше со 170-150 над тимот составен од Кевин Дурант. 

Иако малку се зборува и памети победникот, мечот скршен беше во втората четвртина која Џејмс и другарите ја добија со 19 поени разлика.

МВП наградата „Коби Брајант“ му припадна на Јанис Адетокумбо, кој постигна 35 поени со учинок 16/16 од поле. Во победничкиот состав се истакна и Дамјан Лилард, реализирајќи 32 кошеви. Во поразениот состав најпрецизен беше Бредли Бил со 26 поени, Кајри Ирвинг со 24 и Џејмс Харден со 21 кош.

Пред и на полувремето мечот одржани беа натпревари во тројки, забивање и вештини со топка. Кај тројкашите најдобар беше Стеф Кари, во забивањата победи Анферни Сајмонс, а во вештините со топка прв финишираше Домантас Сабонис.

Едно од забивањата на победникот Сајмонс.

OhridNews