Седми натпревар или популарна „мајсторка“ ќе го одлучи победникот во серијата помеѓу Оклахома и Хјустон во рамките од првата рунда во плејофот во НБА лигата. Оклахома го преживеа првиот меч да се биде или не, откако со 104-100 го совлада Хјустон.
Хјустон иако во поголемиот тек од мечот бркаше негатива на крајот имаше акција за победа. Расел Вестбрук не се разбра најдобро со Џејмс Харден и не си ни заканаа кон кошот на Оклахома. Со две прецизни слободни фрлања Оклахома се одлепи на плус четири и ја осигура победата.
Кошаркарите на Мајами со 115-104 го совладаа Милвоки и со триумф ги започнаа полуфиналните мечеви во источната конференција. „Жешките“ не го започнаа најдобро мечот и после 12 минути играа имаа негатива 11 поени. Во следните три квартали, Мајами се подобри и победи за почетно водство.
Резултати:
Милвоки – Мајами 104-115 (0-1)
Оклахома – Хјустон 104-100 (3-3)
OhridNews