Кошаркарите на Оклахома во драматичен финиш со тројка во последната секунда триумфираа на домашен терен над Лос Анџелес клиперс со 104-103 во еден од седумте натпревари во НБА одиграни ноќта меѓу саботата и недела.
За Оклахома ова беше само четврта победа во 17-от натпревар, а втор пораз во серија за „Клиперси“.
Резултати:
Детроит – Хјустон 107-116
Бостон – Њујорк 114-107
Бруклин – Орландо 93-100
Торонто – Голден Стејт 119-100
Оклахома – ЛА Клиперс 104-103
Јута – Вашингтон 103-109
Милвоки – Кливленд 90-119.
OhridNews