Кошаркарите  на Оклахома Сити Тандер го совладаа шампионот Бостон Селтикс со 105:92 на гостински терен и со тоа ја забележаа 15-та победа во низа со која се зацврстија на првото место во западната конференција со скор од 30-5. Оклахома е непоразена во регуларниот дел од сезоната од 2 декември.

Кливленд Кавалерс а забележаа десеттата последователна победа и имаат скор 31-4, Синоќа кавси ги победија Шарлот Хорнетс со 115:105 и ја зголемија предноста на врвот на Источната конференција. Сите десет победи Кливленд ги забележа со двоцифрена разлика, што е клупски рекорд. Само четири тима во историјата на НБА постигнале подобар резултат од Кливленд во првите 35 натпревари – Голден Стејт (33/2) во сезоната 2015/2016, Филаделфија (32/3) во сезоната 1966/1967, Лос Анџелес Лејкерс (32 /3) ) во сезоната 1971/1972 и Чикаго Булс (32/3) во сезоната 1995/1996.

На Запад, Хјустон Рокетс тесно ги победи Лејкерс на домашен терен со 119:115. Џејлен Грин застана на 33 поени, а три помалку за тимот од Лос Анџелес постигна Ентони Дејвис. На четириесетгодишниот Леброн Џејмс му недостасуваше едно додавање за трипл-дабл. Тој забележа 21 поен, 13 скока и девет асистенции.

По заминувањето на тренерот Мајк Браун, Сакраменто Кингс (17-19) се во подем. Ја извојуваа четвртата последователна победа совладувајќи ги Голден Стејт Вориорс (18-17) 129:99. Малик Монк постигна 26 поени за гостите, колку и Стеф Кари за домашните Вориорс.

OhridNews