Српскиот кошаркар во редовите на НБА лигашот Денвер, Никола Јокиќ, го забележа 78. Трипл-дабл ефект во кариерата во триумфот на неговиот тим над Оклахома со 122-117.
Јокиќ против Оклахома го запиша својот втор последователен трипл-дабл сезонава (19 поени, 16 скокови и 13 асистенции) и се израмни на вечната листа на шестото место со легендарниот Вилт Чембрлен.
Топ листата на трипл – дабл ефекти во историјата на НБА ја сочинуваат Леброн Џејмс (105), Џејсон Кид (107), Меџик Џонсон (138), Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (194).
OhridNews