Кошаркарите на Денвер Нагетс се стекнаа со водство (2-1) во серијата со Портланд, победувајќи го ривалот во третиот натпревар со 120-115.

„Нагетси“ предноста која ги одведе до победа ја стекнаа во првиот квартал кој го добија со 39-30. „Блејзерси“ во втората четвртина намалија на пет поени негатива, но во третиот и четвртиот период не успеаја да направат комплетен пресврт.

Никола Јокиќ очекувано беше прва виолина во триумфот на Денвер. Српскиот кошаркар уфрли 36 кошеви, додавајќи 11 скокови и 5 асистенции. Кај Портланд најпрецизен беше Дамјан Лилард со 37 поени.

Во преостанатите два мечеви кои се одиграа рано утрово Милвоки со 113-84 го совлада Мајами за водство од 3-0 во серијата, а „езерџиите“ со 109-95 беа подобри од Феникс за водство од 2-1.

  • Резултати:

Мајами – Милвоки 84-113 (0-3)

ЛА Лејкерс – Феникс 109-95 (2-1)

Портланд – Денвер 115-120 (1-2)

OhridNews