Кошаркарите на Денвер запишаа нова победа во НБА лигата, совладувајќи ја екипата на Минесота на домашен терен со 123-116.
Победата на „нагетси“ ја одбележа српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој одигра брилијантен натпревар. Јокиќ мечот го заврши со 35 поени и со маестрален шут од игра (12/20 од игра), 15 скокови, шест асистенции, три украдени топки и една блокада.
Со новиот поентерски и скокачки учинок Јокиќ стигна до 150 поени, 75 скокови и асистенции и успеа да го изедначи рекордот на Оскар Робертсон, поставен далечната 1963 година.
- Резултати:
Бруклин – Јута 130-96
Мемфис – ЛА Лејкерс 92-94
Денвер – Минесота 123-116
ЛА Клиперс – Сан Антонио 113-116
Портланд – Чикаго 108-111
OhridNews