Трагична смрт на Коби Брајнт, ќерката Џана и уште седум лица во хеликоптерска несреќа во црно го зави Лос Анџелес. Сите се уште се во шок и неверување, а на никој не му е до играње кошарка. НБА лигата одлучи градското дерби помеѓу Лејкерс – Клиперс да го одложи за некои подобро времиња.
НБА лигата одлучи дерби натпреварот да го одложи поради респект за Коби Брајант. Поради чувствителната ситуација Лејкерс не ќе може да одговори организациски, а сигурно и желбата за победа нема да биде на ниво. – стои во сопштението од НБА.
Петкраниот шампиони во НБА лигата беше голем вљубеник во фудбалот. Со минута молк ќе започнe натпреварот помеѓу Милан – Торино во Купот на Италија, а почит ќе му оддадат и останатите фудбалски клубови исто така со минута молк на своите мечеви.
OhridNews