Центарот на Портланд, Јусуф Нуркич утрово бил успешно опериран во една од градските клиники. Двојната фрактура на левата подколеница е санирана и докторскиот тим очекува негово потполно заздравување.

Нуркич настрада во продолжението од дуелот со Бруклин, откако не доскокна најдобро. Босанецот како покосен падна на паркетот, а веднаш со брзо помош беше изнесен од салата.

Во 72 натпревари оваа сезона Нуркич во просек постигнуваше 15.6 поени, а имаше уште 10.4 скокови и 3.2 асистенции и многу ќе му недостасува на тимот во мечевите од плејофот. Портланд со скор 46 победи и 27 порази се наоѓа на третата позиција во генералниот пласман  на западот.

OhridNews

НБА: Страотна повреда на Нуркич, Босанецот го чека долга пауза (видео)