Еден од фаворити за пласман во финалето и титулата во НБА лигага, Милвоки се наоѓа пред елиминација откако го изгуби и третиот натпревар во полуфиналето на истокот. Трет пат во серија подобри од Милвоки беше тимот на Мајами. „Жешките“ славеа со 115-110 за водство од 3-0.

Ако во едното полуфинале на истокот се кристализираат работите во другото ништо чудно да гледаме максимални седум натпревари и мајсторка. Торонто после негатива од 2-0 во серијата со две победи стигна до егал. „Рептилите“ во четвртиот меч триумфираа со 100-93.

На западот ситуацијата е нешто по мирна бидејќи полуфиналните серии само што стартуваа. Денвер со 110-101 го совлада ЛА Клиперс за изедначување 1-1, додека Хјустон со победа 112-97 и со водство 1-0 ја отвори серијата со „лејкерси“.

Резултати:

ЛА Клиперс – Денвер 101-110 (1-1)

Бостон – Торонто 93-100 (2-2)

Мајами – Милвоки 115-110 (3-0)

ЛА Лејкерс – Хјустон 97-112 (0-1)

OhridNews