Само една победа го дели Лос Анџелес Лејкерс до пласман во големото финале во НБА лигата. „Езерџиите“ во четвртиот натпревар од конференциското финале на западот ја забележаа третата победа совладувајќи го Денвер со 114-108, по четвртини (37-30, 23-25, 27-29, 27-24).

Екипата од Лос Анџелес во текот на целиот натпревар ја чуваше предноста која во еден момент достигнуваше и двоцифрен број на семафорот. „Нагетси“ се враќаа во игра благодарание на Мареј кој имаше неколку фантастични потези и поени.

Во самиот финиш од натпреварот Денвер се доближи до минус четири, но до крајот на успеаја да го свртат резултатот и да избегнат пораз.

Ентони Дејвис со 34 кошеви беше најефикасен во тимот на Лос Анџелес Лејкерс, а 26 поени уфрли Леброн Џејмс. Кај Денвер, Мареј реализираше 32 поени, но Јокиќ беше тивок со само 16 постигнати поени.

OhridNews