Кошаркарите на Јута Џез поведоа со 2-0 во победи во дуелот со Лос Анџелес Клиперс, триумфирајќи во вториот натпревар од серијата, овој пат со 117-111. Екипата на Милвоки, пак, ја преполови предноста на Бруклин на 2-1, победувајќи во третиот меч со 86-83.

„Џезерите“ ги добија првите две четвртини, што на крајот се покажа сосема доволно за нов триумф. Првата им припадна со 30-29, а втората 36-24. „Клиперси“ намалија дел од негативата, но немаа сили комплетно да се вратат во игра.

 

Во тежок и тврд натпревар, Милвоки, со 86-83 го совлада Бруклин и ја врати не неизесноста во дуелот од источната конференција. Одбраните во двете екипи беа на високо ниво, а „бакси“ подобро се снајдоа во нападот од финишот од мечот и ја зграпчија победата, со која намалија на 2-1.

  • Резултати:

Милвоки – Бруклин 86-83

Јута – ЛА Клиперс 117-111

OhridNews