Екипата на Бруклин Нетс во која настапуваат Кевин Дурант, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден го положи оружјето во Кливленд, претрпеувајќи пораз од „каваларси“ со 147-135, после две продолженија од по пет минути.

Кошаркарите на Кливленд одиграа маестрално во второто продолжение во кое ги фрлија во сенка гостинските кошаркари. Нерешлива енигма за „нетси“ беше Колин Секстон, кој уфрли 42 поени. Во таборот на Бруклин најпрецизен беше Дурант со 38 поени, а по него следуваа Ирвинг со 37 кошеви и Харден кој уфрли 21 поен.

Словенцот Лука Дончиќ со „трипл дабл“ учинок одигра клучна улога во триумфот на Далас Мавериск во дуелот со Индијана. Дончиќ најдобар беше во четвртиот квартал во кој постигна 13 кошеви. „Телињата“ тој период го добија со 31-20, што беше доволно за победа.

  1. Резултати:

Кливленд – Бруклин 147-135

Индијана – Далас 112-124

Филаделфија – Бостон 117-109

Атланта – Детроит 123-115

Торонто – Мајами 102-111

Минесота – Орландо 96-97

Хјустон – Феникс 103-109

Голден Стејт – Сан Антонио 121-99

ЛА Клиперс – Сакраменто 115-96

OhridNews