Кошаркарите на Далас Маверикс ја забележаа четвртата победа во серија, славејќи во дуелот со Њу Орлеанс 143-130. Новиот триумф на „телињата“ го одбележа Лука Дончиќ. Словенецот постигна фантастични 46 поени, што претставува поентерски рекорд за Дончиќ во НБА лигата. Дончиќ голема помош на паркетот имаше од Порзингис кој уфрли 36 кошеви. Во противничкиот табор добар меч одиграа Вилијамс и Инграм, кои искомбинираа 66 поени.
- Резултати:
Далас – Њу Орлеанс 143-130
Шарлот – Минесота 120-114
Вашингтон – Њујорк 91-109
Атланта – Сан Антонио 114-125
Бостон – Детроит 102-108
Чикаго – ЛА Клиперс 106-125
Денвер – Оклахома 97-95
Јута – Милвоки 129-115
ЛА Лејкерс – Мемфис 115-105
Портланд – Кливленд 129-110
Сакраменто – Орландо 112-123
OhridNews