Кошаркарската легенда Двејн Вејд на неверојатен начин со звукот на сирената погоди за три поени и донесе минимална победа за Мајами (126-125) во дуелот со актуелниот шампион, Голден Стејт. Вејд покажа дека се уште има магија во рацете постигнувајќи поени од не` изградена позиција со двајца играчи околу него.
Мајами со победата над „воините“ стигнаа до 27-от триумф сезонава и се уште имаат негативен скор, бидејќи имаат претрпено 33 порази, додека Голден Стејт го претрпе 18-от пораз.
OhridNews