Екипата на Далас на крилата од Лука Дончиќ го совлада тимот на Детроит со 122-111 и ја забележа 17-та победа во 24-от натпревар сезонава во НБА лигата. Словенецот беше клучна фигура во триуфмто постигнувајќи неверојатни 41 поен, дополнети со 12 скокови и 11 асистенции.
✨ 41 points
✨ 12 rebounds
✨ 11 assistsAnd, most importantly, a W.@luka7doncic | #MFFL pic.twitter.com/jWdjrS7QhQ
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) December 13, 2019
Новиот трипл дабл со 40+ поени на Дончиќ му донесе ново место во историјата во американската кошарка. Дончиќ втор пат сезонава остварува трипл дабл ефект со 40 или повеќе поени што не му успеално на никој играч под 21 година.
Натпреварот помеѓу Детроит и Далас се одигра во Мексико.
OhridNews