Кошаркарот Лука Дончиќ го имаше потегот на натпреварот помеѓу Далас и Лос Анџелес предводен од Леброн Џејмс. Словенецот во текот на една акција на „езерџиите“ во првата четвртина во два наврати ја блокираше првата ѕвезда на „лејкерси“.
Сепак, само блокадите ќе останат во сеќавање на Дончиќ кој имаше учинок за заборав постигнувајќи шест поени со очаен шут. Џејмс со 28 поени го одведе својот состав до победа 114-103.
OhridNews