Во текот на натпреварот помеѓу Атланта Хоукс и Лос Анџелес Лејкерс, навивачка на домашниот состав беше отстранета од салата после караница со Леброн Џејмс.
Блиската средба помеѓу навивачката и Џејмс дошла во четвртата четвртина кога се „кршеа“ копјата околу победникот. Навивачката во обид да му објасне на Џејмс ја извадила заштитната макса, по што ги прекршила правилата за однесување во време на пандемија.
Драго ми е што имаме навивачи во салите. Ми недостигаше таа интеракција со поддржувачите. – кратко одговори Џејмс на прашањето за караницата со домашната навивачка.
НБА дозволи ограничен број на навивачи во салите, а во следниов период тој број постепено ќе се зголемува.
Мечот во Атланта им припадна на „езерџиите“, кои славеа со 107-99.
OhridNews