Вкупно 76 лица се уапсени од полицијата во Лос Анџелес поради прекршување на законите на САД при прославата на титулата на „лејкерси“ во НБА лигата.

Поголем дел од уапсените се за нарушување на јавен ред и мир, но помеѓу уапсените има за грабеж, вандализам и напад на службеница лица, пренесуваат медиумите од САД.

Полицијата од САД, пак, информира дека осум полицијци се здобиле со повреди. Еден од нив морал да помине одредено време во болница.

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс во финалната серија со 4-2 во победи го совладаа Мајами Хит и триумфираа во НБА лигата.

OhridNews