Кошаркарите на Далас Маверикс се наоѓаат на една победа од пласман во втората елиминациска фаза во плејофот од НБА лигата, откако во петтиот натпревар го забележаа третиот триумф во серијата со Лос Анџелес Клиперс.

„Телињата“ до третата победа стигнаа на крилата од Словенецот Лука Дончиќ, кој одигра нова, вонсериска партија во НБА лигата. Дончиќ, постигнувајќи 42 поени комплетно ги засени ѕвездите на „клиперси“, кои не беа на негово ниво синоќа. На одличниот поентерски учинок, Дончиќ, додаде 14 асистенции и 8 скокови.

Својата задача во првата фаза од плејофот успешно ја завршија Филаделфија, Атланта и Јута, кои со идентичен резултат 4-1 ги елиминираа Вашингтон, Њујорк односно Мемфис.

  • Резултати:

Филаделфија – Вашингтон 129-112 (4-1)

Њујорк – Атланта 89-103 (1-4)

Јута – Мемфис 126-110 (4-1)

ЛА Клиперс – Далас 100-105 (2-3)

OhridNews