Перо Антиќ беше дел од „Ол Старот“, кој се одржа во Њу Орлеанс викендов. Тој поради повреда не настапи во дуелот „ѕвезди во подем“, но одлично се забавуваше со останатите кошаркари.


Ол Старот не опфаќа само кошарка, туку дружење со сите луѓе од градот, па така Антиќ беше дел од проектот „НБА се грижи“ во посета на градежен објект. И Антиќ покрај кошаркарски способности го покажа оние домаќински па варосуваше со жители кои беа погодени од урагани пред неколку години.


По добро завршената работа сите учесници на „Ол старот“ поминаа една ноќ во казино со што го заокружија викендот во Њу Орлеанс.

Мх.П.