Кошаркарите на Милвоки Бакс се доближија на една победа од освојување на титулата во НБА лигата, откако на гостински терен кај тимот на Феникс Санс славеа со 123-119, во петтиот натпревар од финалната серија.
„Бакси“ со маестрална игра во втората и третата четвртина (43-24, 36-29) ја надополнија негативата од првата (37-21) во која одиграа катастрофално. Предноста создадена во вториот и третиот квартал беше доволна за „бакси“ да стигнат да победата, иако ги загубија решавачките 12 минути со 29-23.
Девин Букер со 40 поени од Феникс беше најефикасен на натпреварот. Вкупно 32 кошеви уфрли Јанис Атентокумпо од Милвоки, а потоа следуваше Крис Мидлтон со 29 кошеви исто така од Милвоки.
Шестиот натпревар кој ќе се одигра на 21 јули во 3 часот после полноќ може да го даде новиот првак во НБА лигата. Меч топката ќе му припадне на Милвоки.
OhridNews