Најдобрата екипа во регуларниот дел од сезоната во источната конференција, Милвоки обезбеди пласман во следната фаза од плејофот во НБА лигата елиминирајќи го Детроит со 4-0 во четвртфиналната серија.
Милвоки до четвртиот триумф вреден пласман понатаму стигнаа на гостински терен победувајќи ги „пистонси“ со високи 127-104. Милвоки со поминувањето на Детроиот закажа дуел со Бостон во 1/2 финалето во источната конференција.
Кошаркарите на Јута не дозволија пораз и елиминација на домашен од тимот на Хјустон кој ја пропушти првата меч топка во 1/4 финалето на западот. „Џезерите“ славеа со 107-91 и намалија на 3-1 во серијата. „Рекетите“ втора шанса за пласман понатаму ќе имаат во петтиот меч кој се игра во Хјустон.
Резултати: Детроит – Милвоки 104-127 (0-4), Јута – Хјустон 107-91 (1-3)
OhridNews