Милвоки Бакс е првата екипа која обезбеди пласман во втората фаза од плејофот од НБА лигата, елиминирајќи минатогодишниот вицепрвак Мајами, во четири натпревари.

Четвртата и клучна победа Милвоки ја обезбеди рано утрово, триумфирајќи со 120-103, на теренот од противникот. „Жешките“ добро парираа во првиот и вториот квартал, но нивната игра колабираше во третиот каде гостите направија комплетен пресврт и го презедоа водството. На крајот славеа со високи 17 поени разлика.

На една победа од пласман во следната рунда е и Филаделфија. „76-ките“ со 132-103 славеа и во третиот дуел со Вашингтон и на добар пат се да му се приклучат на Милвоки. Јута поведе со 2-1 во серијата со Мемфис, победувајќи 121-111, а во серијата помеѓу Портланд и Денвер е егал (2-2-, откако „блејзерси“ победија во четвртиот натпревар со 115-95.

  • Резултати:

Вашингтон – Филаделфија 103-132 (0-3)

Мемфис – Јута 111-121 (1-2)

Портланд – Денвер 115-95 (2-2)

Мајами – Милвоки 103-120 (0-4) Boston – Bruklin

OhridNews