Кошаркарите на Милвоки го зголемија водството во финалето од источната конференција на 2-0, откако и на вториот меч на домашен терен го совладаа Торонто, овој пат со 125-103 (35-21, 29-18, 31-39, 30-25).

Домашните кошаркари, дилемите околу победникот во вториот натпревар од финалната серија ги решија во воведните две четвртини во кои створија предност од 25 поени (35-21, 29-18). Торонто делумно во игра се врати во третиот период кој го доби со 39-31, но домаќините не дозволија неизвесност. Четвртиот дел им припадна со 30-25 и го финишираа натпреварот.

Лилард од тимот на Торонто се истакна со 31 поен, а еден помалку постигна Антетокунмпо од редовите на Милвоки. Серијата во финалето се сели во Торонто, а „рептлите“ мораат да вратат со иста мера ако сакаат да ги одржат шанси за пласман во големото финале.

OhridNews