Ѕвездата на НБА лигашот Милвоки, Крис Мидлтон, ја одби опцијата од 40.4 милиони долари да ја продолжи соработката со клубот и стана слободен играч, изјавија синоќа неговите менаџери за телевизијата ЕСПН.
Трикратниот Ол-стар учесник се уште може да се врати во редовите на Милвоки, но сега, исто така, може да потпише договор со која било екипата во НБА лигата без обесштетување.
Мидлтон, кој во август ќе ги прослави својот 32 роденден, изминатата сезона имаше проблеми со повредите поради што пропушти 38 натпревари.
Во кариерата има просек од 17 поени, 4.8 скокови и 3.8 асистенции, и одигра клучна улога во освојувањето на шампионската титула со Милвоки во 2021 година.
OhridNews