Њу Орлеанс славеше против Оклахома 131-122, но во центарот на вниманието беше кошаркарот на поразениот тим Расел Вестбрук.

Против Пеликанс, Вестбрук забележа 44 поени, 14 скока и 11 асистенции. За него ова е 11. трипл-дабл во низа што е апсолутен рекорд во НБА лигата.

Вестбрук постигна рекордни во сезоната 44 поени и стана најдобар стрелец во историјата на франшизата Оклахома сити Тандер и претходникот Сиетл.

Вестбрук досега за Оклахома има постигнато 18.247 поени. Зад себе тој го остави легендарниот Гери Пејтон 18:207.