Кошаркарите на Портланд и Милвоки стигнаа до водство (2-1) во полуфиналните серии во западна и источната конференција совладувајќи ги Денвер со 140-137 односно Бостон со 123-116 во третиот натпревар од дуелите.

Портланд за победа број два мораше да одигра неверојатни четири продолженија со Денвер. „Блејзерси“ дури во четвртото успеаја да постигна три поени повеќе и да забележат победа. Натпревар со четири продолженија втор пат во историјата на НБА се игра во плејофот, а вечно ќе го паметат кошаркарите на Портланд.

Милвоки со гостинскиот трумф во Бостон широко си ги отвори вратите за пласман во финалето на истокот. Гостите мечот го „скршија“ во третиот квартал кога со 12-0 серија стигнаа до двоцифрена предност. Домаќините се вратија во игра, но немаа сила за целосен пресврт и победа пред домашните симпатизери.

Резултати: Бостон – Милвоки 116-123 (1-2), Портланд – Денвер 140-137 (2-1).

OhridNews