Седми воедно и последен натпревар или популарен како „мајсторка“ ќе го одлучува првиот патник во финалето во западната и вториот учесник во финалето на источната конференција.

Филаделфија на домашен терен го совлада Торонто со 112-101 и израмни на 3-3, додека Портланд исто така стигна до егал со Денвер победувајќи пред своите гледачи со 119-108.

Седмите натпревари од сериите ќе се одиграат недела кон понеделник, а домаќините ќе бидат поразените во шестиот натпревар од серијата.

Резултати: Филаделфија – Торонто 112-101 (3-3), Портланд – Денвер 119-108 (3-3).

OhridNews