Лос Анџелес Клиперс му се придружи на Феникс во финалето на западната конференција, елиминирајќи ја Јута со 4-2. „Клиперси“ пласманот во финалето го заверија со триумф (131-119), во шестиот натпревар од серијата.

Популарната „мајсторка“ ќе го даде и вториот финалист на истокот. Филаделфија како гостин со 104-99 славеше против Атланта и се избори за седми натпревар на домашен терен. Претходно, по три победи во шест натпревари забележаа Бруклин и Милвоки.

OhridNews