Составот на Мајами обезбеди пласман во големото финале во НБА лигата, откако триумфираше во конференциското финале против Бостон со резултат 4-2. „Жешките“ до четвртата победа во серијата стигнаа со триумф 125-113 во шестиот натпревар.

Кошаркарите на Мајами клучниот чекор за победа во шестиот меч го направија во последната четвртина која ја добија со 10 поени. До тогаш се водеше израмнета битка. Мајами поведе во првата, додека Бостон возврати во втората, а во третата резултатот беше изедначен.

Адебајо со 32 кошеви и 14 скокови беше најефикасен кај Мајами, а Батлер постигна 22 кошеви. Во Бостон се истакнаа Браун и Татум, кои постигнаа 26 односно 24 поени.

OhridNews