Мајами Хит е првата екипа која обезбеди пласман во финалето по конференции во плејофот од НБА лигата. „Жешките“ во полуфиналето со 4-1 го елиминираа составот на Милвоки кој регуларниот дел од сезоната на истокот го завршија на првата позиција.
Мајами до четвртиот триумф вреден пласман во финалето на истокот стигна со победа во петтиот натпревар. Мајами славеше со 103-94 и го завери билетот за финале.
ЛА Лејкерс поведе со 2-1 во серијата со Хјустон, откако „езерџиите“ со 112-102 славеа во третиот натпревар. Мечот помина во знакот на Леброн Џејмс и Џејмс Харден, кои имаа рафална стрелба кон противничките кошеви. Џејмс во дресот на ЛА Лејкерс уфрли 36 поени, додека Харден застана на 33.
Резултати:
Милвоки – Мајами 94-103 (1-4)
ЛА Лејкерс – Хјустон 112-102 (2-1)
OhridNews