Кошаркарите на Мајами ја поминаа првата фаза во плејофот од НБА лигата елиминирајќи ја Индијана со вкупен резултат (4-0) во серијата.
„Жешките“ до четвртиот и решавачки триумф стигнаа синоќа со победа 99-87. Мајами во своја полза доби три четвртини, а Индијана предност обезбеди само во првата која заврши со 21-22.
Лос Анџелес Лејкерс поведе со 3-1 во серијата со Портланд додека Оклахома се избори за егал со Хјустон. „Езерџиите“ во четвртиот натпревар славеа со 135-115, а „громовите“ со 117-114 триумфираа против Хјустон.
Резултати:
Мајами – Индијана 99-87 (4-0)
Оклахома – Хјустон 117-114 (2-2)
Портланд – ЛА Лејкерс 115-135 (1-3)
OhridNews