Кошаркарите на Портланд забележаа тесен триумф во Чикаго, победувајќи го домашниот состав со минимални 123-122. Човек на одлука беше Дамјан Лилард, кој трите поени за победа ги постигна со звукот на сирената.
Победничките поени на Лилард беа шлаг на тортата на неговата блескава партија против „биковите“. Првата виолина на „блејзерси“ натпреварот го заврши со 44 поени, а додаде уште 5 скокови и 9 асистенции.
Резултати:
Далас – Феникс 105-111
Чикаго – Портланд 122-123
ЛА Лејкерс – Бостон 96-95
Шарлот – Милвоки 126-114
Њу Орлеанс – Хјустон 112-126
Мајами – Сакраменто 105-104
Сан Антонио – Мемфис 112-129
Голден Стејт – Детроит 118-91
OhridNews