Дисциплинската комисија во НБА лигата парично казни тројца кошаркари од тимот на Голден Стејт поради јавното критикување на судиите после мечот со Минесота.

На тапет од дисциплинците се најдоа Дрејмонд Грин кој доби казна од 35 000 долари, првата ѕвезда на екипата Стеф Кари ќе мора да плати 25 000 долари, а Кевин Дурент 15 000 долари.

„Воините“ на дуелот со Минесота изгубија после продолженија, а играчите и тренерот Стив Кер имаа многу забелешки за судењето. Кер помина само со опомена.

OhridNews