Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс со лесен триумф над Мајами го отворија големото финале во НБА лигата. „Езерџиите“ на стартот од финалните натпревари славеа со 116-98, по четвртини 31-28, 34-20, 28-19, 23-31.
Неизвесност и голема борба во воведниот натпревар од финалето имаше во првата четвртина. „Жешките“ поведоа со 13 поени разлика. „Лејкерси“ возвратија со серија до 21-5 и преземање на контролата на натпреварот. Во вториот квартал, „езерџиите“ ја зголеми разликата за 14 поени добивајќи го со 34-20, а во третиот разликата изнесува 32 поени. Во четвратата четвртина, Мајами го ублажи поразот.
На Леброн Џејмс му недостасуваше една асистенција за трипл дабл во јубилејниот 50-ти натпревар во финалето. Џејмс постигна 25 поени, додаде уште 13 скокови и 9 асистенции. Најефикасен кај „лејкерси“ беше Ентони Дејвис со 34 поени. Најпрецизен кај Мајами беше Џими Батлер со 23 поени, а пех беше повредата на Драгиќ по само 15 минути игра.
Вториот меч во финалето се игра сабота кон недела во 3 часот по полноќ.
OhridNews