Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, успешно е опериран по делумно прекинување на предниот вкрстен лигамент на десното колено.

Според информацијата на официјалната веб-страница на НБА, времето на закрепнувањето на 30-годишниот Американец е непознато.

Ленард го повреди коленото во четвртиот натпревар од второто коло во плејофот против Јута џез и го пропушти остатокот од плејофот.

Клиперси загубија Јута со 4:2 во серијата.

OhridNews